Уште минатата недела, јутјуберот Стефан Лазаров, најави одржување на хуманитарен концерт со кој требаше да се соберат средства за лекување на малиот Кико, кој пред неколку дена, за жал и подлегна на болеста и почина.
Концертот e закажан за денес и како што најави Лазаров, неговото одржување била последна желба на Кико и затоа концертот ќе се одржи.
„Како една од последните желби на Кико и неговото семејство е да се одржи хуманитарниот концерт за Кико во Ацо Шопов салата во Штип со почеток од 21:00 часот.
Неговиот татко ќе собере сили и ќе се обрати на сите присутни. Сите собрани средства ќе бидат донирани.
Цената за карта е 200 денари , во коментар имате дополнителни информации..“ напиша Лазаров.
