Пејачката Марја Шерифовиќ ја критикува мајка ѝ Верица поради музиката што му ја пушта на малиот Марио.
Пејачката Марија Шерифовиќ реши целосно да му се посвети на својот син Марио, по заминувањето од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ и неколку настапи во Црна Гора. Но, нејзиниот план да го воспитува во духот на квалитетната музика често се нарушува – и тоа од никој друг, туку нејзината мајка, Верица Шерифовиќ.
Во интервју, Марија се пожалила дека домот често е исполнето со звуци кои не ѝ се по мерак.
Кога сум јас тука, слушаме Бруно Марс. Кога е со баба му, слуша „Вози, вози, Радо“. Ќе изгинеме од сељаклук!“ – изјави таа, во свој препознатлив саркастичен стил.
Иако не следи активно што се случува на музичката сцена, Марија ја пофали колешката Емина Јаховиќ, за која рече дека има квалитетни песни. Сепак, според неа, денешната продукција е полна со „неталентирани луѓе“ и музика без вредност.
Шерифовиќ додаде дека до следното лето планира целото слободно време да го помине со својот син, семејството и пријателите, а единствено нешто што останува неизвесно е мартовскиот концерт во Сава Центар.
printskrin Youtube-blic tv MARIJA SERIFOVIC