Пејачот и неговата сопруга се радуваат бидејќи наскоро ќе пристигне круната на нивната љубов. Сега кога дознаа дека бебето е здраво, а бременоста е нормална, одлучија оваа среќна вест да ја споделат јавно.
Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ најавија дека наскоро нивното семејство ќе биде побогато за еден член. Катарина е во блажена состојба и го чека своето прво дете, додека Дарко веќе ги има синот Алексеј и ќерката Лорена.
Дарко и Катарина ги собраа своите најблиски во Брестач за да ја прослават веста за новороденчето, а по тој повод со пријателите споделија дека чекаат девојче.
Катарина не ја крие среќата што наскоро ќе стане мајка. Таа преку социјалните мрежи сподели видео од прославата на откривањето на полот на детето. Камерата го забележила нејзиниот ултразвук и порака која открива кога треба да се породи.
Ќе пристигне на 24 октомври – пишува на таблата зад тортата.
Поврзани објави
Наскоро таа сподели уште едно видео од прославата, а во описот напиша:
Имаме здраво девојче“.
Фото: Инстаграм