Почетна Убавина и здравјеЌе ве воодушеват со вкусот и мекоста! – Убавина и здравје

Ќе ве воодушеват со вкусот и мекоста! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Послужете го јадењето со некоја убава салата

Состојки:
  • 4 свински шницли
  • 5 поголеми компири
  • 1 поголема главица кромид
  • 200 г шампињони
  • 1 кесичка супа од печурки
  • масло, сол, бибер
Приготвување:

1. Ставете ги шницлите во намрсен плех, па околу нив наредете резанки излупен компир.


Поврзани објави

2. Исечкајте ги шампињоните и кромидот, па истурете ги врз шницлите и компирот.

3. Измешајте ја супата од печурки со 3 дл вода и сипете ја врз зеленчукот и месото.

4. Ставете го јадењето да се динста во рерна околу половина час. Извадете, промешајте и пробајте, па додајте зачини по желба. Печете уште половина час или додека месото и компирот станат меки.

ФОТО: Andreas Lischka / Pixabay