Празничната еуфорија веќе се чувствува во домовите на многу семејства, а и во домот на српската пејачка Наташа Беквалац со нетрпение се очекуваат празниците.
Најзината помлада наследничка му напишала писмо на Дедо Мраз, а гордата мајка ги сподели новогодишните желби на малата Катја.
И додека многу деца сакаат играчки, нов телефон и многу други скапи работи, скромното девојче посакало само едно – нови книги за својата библиотека.
Катја напишала своја листа со наслови на книги во своето писмо до Дедо Мраз:
Драг Дедо мраз, цела година се трудев да бидам добра. Знам дека знаеш дека имам многу играчки, па оваа година сакам да добијам книги. Дури имам и список: „Златна пеперутка“ од Десанка Максимовиќ, „Заљубената жаба“… се гледаме наскоро Среќна нова година – напишала малечката Катја
Откако го прочитала ова, Беквалац не можела да ги запре солзите радосници, среќна што ја научила петгодишната наследничка да биде скромна.