Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Љутков вечерва пред почетокот на седницата на ова партиско тело изјави оти очекува новата влада да биде ставена на гласање во Собранието околу 20 или 22 јуни.
– Со новата реорганизација која што беше изгласана пред некое време, ние работевме на фузирање на двата сектора култура и туризам и мислам дека ќе биде едно од помоќните министерства на новата влада, рече Љутков. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седница ги утврдува кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, по што ќе заседава и Централниот комитет. Имињата на идните членови на владата и одуките на партиските тела ќе ги соопшти партискиот лидер и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски во изјава за медиумите што е најавена за 20 часот