Почетна Убавина и здравјеЉупка Митрова блесна во златен фустан и ја претстави својата нова колекција, а на пистата се појавија и членови на нејзиното семејство

Љупка Митрова блесна во златен фустан и ја претстави својата нова колекција, а на пистата се појавија и членови на нејзиното семејство

од nenad
1 минути читај за

Љупка Митрова на Штип Фешн Дејс 2026 (Stip Fashion Days)

Модното студио Митрофф на македонската инфлуенсерка и дизајнерка Љупка Митрова имаше чест да го отвори најголемиот моден настан во Македонија – Штип Фешн Дејс.

Како и на претходните ревии на Митрофф, повторно ревијата ја предводеа некои од најпознатите модели и јавни личности, како Елена Реи, Ивана Караџова, Бојана Нушкова, балерината Никита Саботковска, Нена Трајковска, но и членови на семејството на Љупка. Токму тоа беше и инспирацијата за името на колекцијата – Mitrovi by Mitroff.


Поврзани објави

Во прекрасниот амбиент на штипската Арт галерија Безистен и преполната сала во која се бараше место повеќе, креациите на Митрофф блеснаа на сцената – рачно изработени уникатни couture парчиња, елегантни фустани и венчаници, кои гордо ја носат етикетата “Handmade in Macedonia”. Меѓу гостите имаше голем број познати јавни личности – музичари, инфлуенсери, бизнисмени и други кои специјално дојдоа во Штип за да го проследат настанот.

Ревијата беше поздравена со аплаузи при неколку настапи, како оној на Ана Митрова со бебињата Георгина и Горан, а и со овации кога на сцената излезе Љупка во златен фустан креиран специјално за оваа пригода за да ја поздрави публиката и фановите.

„MITROFF е чувство. Љубов, пасија и страст преточени во секоја креација, во секој крој, во секој детал. Зад секоја креација стои тим. Луѓе, енергија, посветеност и заедничка визија. Затоа секое парче што го носи името MITROFF е создадено со срце, но и со многу работа, внимание и прецизност. MITROFF се и жените кои нѝ веруваат – нашите верни клиентки, нивната доверба и лојалност се највредниот дел од оваа приказна.“ – нѝ изјави Љупка по повод лансирањето на новата колекција.