Почетна СветЈонуз: Се уште не се најде лидер што ќе го обедини народот. Едноставно, како кој дојде си го отвори газот за некое евро

Јонуз: Се уште не се најде лидер што ќе го обедини народот. Едноставно, како кој дојде си го отвори газот за некое евро

од nenad
3 минути читај за

Во една од колумните минатата година прашав дали ја знаете онаа стара албанска приказна ‘‘мас кочет е дашит‘‘? ( мкд / зад мадињата на овенот) Не,.. е па, си била некоја гладна лисица која трчала зад овенот, затоа што мислела дека секој момент ќе му паднат мадињата што се клателе, па така се занела зад него трчајки и завршила у селото каде што ја утепале. “Ај сега ке му паднат тука,.. ај сега тука‘‘! Отишла јабана. Ја утепале селаните! Така и нашиот народ кој трча зад ветувањата на политичарите, а тие пак зад нивните лидери. Тепаниот тепан, а велат ‘‘ ебаниот ебан’’!, пишува Агим Јонуз во колумна за коха.мк.

Тука не знаеш кој е лисицата, кој е овенот, ама сигурно знаеш дека на крај утепан е народот. Секој трча зад оној што нешто ветува или зад оној што мислиш дека ке те однесе до вистинската врата на иднината. А, иднината барем онаа блиската, не бара посебен диоптер за да се види дека е трагична. Барем ако бродот продолжи да плови по овој правец и оваа брзина.

Во Македонија не се изнајде сеуште некаков ‘‘заенички лидер‘‘ кој ке биде реален претставник на вољата на народот. Народот со својата поделеност не дозволи да се отвори пат кон создавање на ‘‘конститутивен патриотизам‘‘ што подразбира сите заедно да имаат само една цел и задача, а тоа е изградба на здрава држава на која можеш да се потпреш и во добро и во зло. Наместо тоа, имаме неколку лидери, со неколку филозофии, а сето тоа на крај резултира со неколку бизниси. Никому бизнис од тој аспект не е „државата“ туку владеењето во радиуси кои гарантираат контрола на бизнисите и контролата на теренот.

Македонија е мала земја во која бројот на населението е само еден мал дел од она што еден лидер во големите држави има само во своите редови. Поделена по сите можни основи, не остави место да се изнајде едно лице кое ке ја поведе државата напред, а зад него да застанат сите или најголемиот дел, кој ке му верува и ке го почитува. Ниту претседател, ниту премиер ниту бутур не се изнајде зад кој безрезервно ке застане маса на која нема да и биде битен етничкиот елемент. Етничкиот пред се!

Македонците колку и да се ‘‘ космополити‘‘ неможат ни да замислат Македонија да ја води Албанец. Се појавија неколку ликови кои имаа можност навистина да бидат носители на историјата, ама сите тие завршија така што денес кога шетаат по улица, никој дури и не ги препознава. Дали е баш така! Да!,.. така е! Зошто! Едноставно, како кој дојде си го отвори газот за некое евро. Е, каде е мајсторијата? Па мајсторијата е во тоа што како кој го товарел магарето, не оставил ниту една трага зад себе. Само ‘‘ чаршиски муабет‘‘ во кој немаш чврсти докази. И така, неколку ‘‘лидери‘‘ во времето зад нас кои ветуваа дека кога ке дојдат на власт ‘‘мамата ке му ја расплаче на претходниот‘‘ , завршија во народната поговорка ‘‘ чавка на чавка очи не и вади‘‘! Кој разбрал разбрал!

Целата колумна прочитајте ја тука.

Инспирирано од: infomax.mk