Table of Contents
Од болниот развод до мистериозниот нов дечко – Карлеуша одговори на незгодни прашања на полиграфот.
Популарната пејачка Јелена Карлеуша повторно ја разбранува регионалната јавност, овојпат со искрени признанија за поранешниот сопруг Душко Тошиќ, љубовните разочарувања и мажите на кои, како што самата вели, им приредила вистински животни драми. За време на престојот во Македонија, таа одговараше на провокативни прашања пред полиграф, а некои од нејзините одговори открија многу повеќе отколку што се очекуваше.
Пејачката не ја криеше разочараноста од бракот со поранешниот фудбалер, а особено внимание привлече нејзиното објаснување зошто денес не гледа можност за смирување.
Иако јавноста со години ја следи нивната бурна љубовна приказна, Карлеуша е децидна дека минатото не треба да се идеализира.
„Ако вредеше, немаше така да заврши“ – зошто не сака да му се врати на Душко?
На прашањето дали Душко Тошиќ бил најголемата љубов во нејзиниот живот, Карлеуша даде одговор што отвори низа прашања. Иако полиграфот го означил нејзиниот првичен одговор како невистинит, пејачката објасни дека по толку години разделеност и разочарувања, не може да ја гледа нивната љубов на ист начин како некогаш.
Според неа, чувствата не можат да останат непроменети кога едната страна смета дека сама се борела за опстанокот на врската. Таа нагласи дека за успешен брак се потребни двајца и дека нејзиното разочарување не произлегува само од разделбата, туку и од начинот на кој се одвивале работите меѓу нив.
Не ме заштити и тогаш исчезна магијата наречена љубов“, порача пејачката, објаснувајќи дека токму тој момент ја променил нејзината желба некогаш повторно да биде со него.
Карлеуша не верува дека двајцата повторно ќе се смират. Според неа, нема причина да се враќаат на однос што веќе завршил, само затоа што на публиката ѝ звучи романтично идејата за повторно обединување.
Поврзани објави
Јелена и Душко стапија во брак во 2008 година, а во септември 2024 година и двајцата потврдија дека нивниот брак е завршен по 16 години.
Нивната разделба со години беше предмет на медиумски интерес, особено поради нивните две ќерки, Атина и Ника.
Дали сè уште ја боли односот со поранешниот сопруг?
Карлеуша се осврна и на ситуацијата поврзана со фотографиите од прославата на нивните ќерки, на кои, според прашањето што ѝ било поставено, таа не била вклучена во објавите на Тошиќ на Инстаграм.
Пејачката тврди дека тоа не ја повредило и дека дури би била изненадена доколку тој ја објавел. Додаде и дека повеќе не дозволува мажите да имаат такво влијание врз неа.
Душко веќе не може да ме повреди, ниту еден маж повеќе не може да ме повреди“, изјави таа.
Оваа порака остава впечаток дека Карлеуша сака да покаже оти емотивно ја затворила таа страница од животот, иако нејзините признанија откриваат дека искуствата од минатото сè уште се дел од нејзината лична приказна.