Пред да стане сопруг на пејачката Теа Таировиќ, Иван Вардај работел како обезбедување и бил блиску до музичката ѕвезда Јелена Карлеуша.
Иван Вардај, сопругот на популарната пејачка Теа Таировиќ, пред да стане познат за јавноста, работел како обезбедување за бројни познати личности. Меѓу нив била и самата Јелена Карлеуша, која ја чувал на модна ревија на еден бренд со кој имала долгогодишна соработка.
Според извори блиски до Теа, пред околу две и пол години, Иван бил задолжен за безбедноста на Јелена и на фотографии е снимен како стои веднаш зад неа додека таа дава изјава на медиумите.
Иван тогаш работеше како обезбедување на многу познати личности, но Јелена дефинитивно беше една од најгласните. Токму така и ја запозна Теа“, открива извор близок до пејачката.
Изворот додава дека не е јасно како би реагирала Теа доколку дознае дека нејзиниот сопруг бил толку блиску со Јелена, со оглед на тоа што двете пејачки не се во добри односи.
Поврзани објави
Теа е многу емотивна и горда жена и сигурно не би ѝ било пријатно да знае дека нејзиниот сопруг бил до Јелена. Можеби би го доживеала тоа како провокација, иако сето тоа се случило пред да се запознаат“, вели изворот.
За потсетување, неодамна се појавија и кадри од Иван Вардај како статист во серијата „Тајната на лозата“.
printskrin Youtube-telegraf jelena karlesua