Пејачката тврди дека ја напала разулавена група, а јавноста со згрозеност реагираше на фотографиите.
Пејачката Јелена Карлеуша објави фотографија на социјалната мрежа X на која се гледаат модринки по нејзиното тело. Таа истакна дека повредите ги добила за време на турканицата и обидот да избега од група луѓе кои ја нападнале во Лозница.
Фотографијата направена во лобито на хотелот предизвика лавина коментари.
Поврзани објави
Според медиумите, пејачката добила и полициска заштита. Таа по концертот во Лозница била испратена од припадници на специјалните единици за да се спречат поголеми инциденти. Настапот, како што самата истакна, сепак траел час и 25 минути без прекин.
Карлеуша изјави дека не се плаши од, како што ги нарече, „дваесетината хулигани“.
Не можат да ме заплашат. Јас и мојата публика издржавме до крај“, нагласи пејачката и додаде дека со тоа сака да покаже оти омразата никогаш нема да победи.
printskrin Youtube – pravlo lice estrade jelena karleusa