Почетна БалканЈелена Дубљевиќ на чело на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора – Курир

Јелена Дубљевиќ на чело на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора – Курир

од nenad
1 минути читај за
Јелена Дубљевиќ на чело на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора

Прославениот црногорски кошаркар Никола Пековиќ кој играше за неколку НБА тимови а слава стекна во Партизан, веќе не е прв човек на црногорската кошарка.

На негово место доаѓа Јелена Дубљевиќ, некогашна црногорска репрезентативка. На вонредната седница во тамошниот кошаркарски сојуз за Дубљевиќ гласале 42 делегати а за Пековиќ 38. По гласањето, Пековиќ и честитал на против-кандидатката.

Јелена Дубљевиќ почнала да се занимава со кошарка од свои 12 години во Ролинг од Никшиќ. Играла и за Будуќност па потоа во Шпанија, Франција, Чешка, Русија, Турција, Кина и САД. Таа е прва жена што освоила шампионски прстен во женската НБА. Минатата сезона таа играла во финале на Евролига со турски Мерсин но загубиле од Фенербахче.

Извор : Kurir.mk

Јелена Дубљевиќ на чело на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора