Почетна Убавина и здравјеЈа опремиле куќата, се погрижиле за децата, а цифрата што ја заштедиле е огромна! – Убавина и здравје

Ја опремиле куќата, се погрижиле за децата, а цифрата што ја заштедиле е огромна! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Оваа двојка што „копа по контејнери“ тврди дека тоа годишно им заштедува околу 11 илјади евра, а еве што сè успеваат да пронајдат

Двојка од Велика Британија, 38-годишниот Амир Јардан и неговата свршеница, 27-годишната Рут Мур, претураат по контејнери барајќи работи кои сè уште се употребливи. На тој начин се облекуваат, ја опремуваат куќата, па дури и се прехрануваат себеси и своите три деца.

Велат дека тоа годишно им заштедува речиси 11 илјади евра. Пронаоѓаат патики, луксузни парфеми, дизајнерска облека и електроника што Амир може да ја поправи.

Тие имаат деца од седум и пет години и шест-месечно бебе, а фрижидерот и шпајзот ги полнат со леб, тестенини, чоколадо и чипсови што ги наоѓаат во контејнерите на супермаркетите, трошејќи само 60 евра неделно за да ги дополнат своите резерви на храна.

Објасниле дека претураат по корпи за ѓубре и до девет часа неделно.


Поврзани објави

„Ни се качува адреналинот секогаш кога ќе почнеме, не можеме да престанеме. Никогаш не знаете што ќе најдете – тоа е како потрага по богатство. Речиси ништо не купуваме веќе по полна цена, бидејќи животните трошоци се ужасни моментално“, рекол Амир.

„За време на нашето прво ‘претурање’, најдовме еден куп мебел и така успеавме да го уредиме нашиот дом. Потоа, преминавме на барање храна и никогаш веќе не престанавме“, додала Рут и заклучила:

„Не постои нешто што не можеме да си набавиме, освен месо. Тука повлекуваме линија.“

„Сè што не планираме да употребиме или да задржиме, го донираме во хуманитарни организации“, додал Амир.

Истакнал и дека сè обидуваат да им пренесат вистински животни вредности на своите деца.

„Се надевам дека еден ден ќе се покрене програма во училиштата која ќе ги учи децата зошто ‘претурањето’ по контејнери е одлично хоби и ресурс“, заклучил тој.

ФОТО: David Libeert / Unsplash