Table of Contents
Деталите од животот на Џуди Гарланд никого не го оставаат рамнодушен
Кога ќе го чуеме името Џуди Гарланд, веднаш помислуваме на нејзиниот нежен глас како ја пее Somewhere Over the Rainbow, и на девојчето кое во филмот „Волшебникот од Оз“ обу волшебни црвени чевлички и го освои светот. Сепак, зад блескавата насмевка и филмскиот сјај се криела трагична приказна, полна со проблеми, контрола, зависности и борба за зачувување на сопствениот идентитет.
Холивудските деца не сонуваат – добиваат наредби
Џуди Гарланд била родена како Франсес Етел Гум во 1922 година. Уште како дете била принудувана да настапува, додека мајка ѝ и менаџерите ја туркале кон ѕвездите – не од љубов, туку од корист. Нејзината мајка, која ја нарекувале сценски монструм, била позната по тоа што кога Џуди била тинејџерка, ѝ давала таблети за енергија и спиење, за да може да ги издржи исцрпувачките распореди.
МГМ – фабрика за соништа или фабрика за злоупотреба?
На само 13 години потпишала договор со познатото студио МГМ, каде што ѝ ги контролирале изгледот, исхраната, движењето и однесувањето. Ѝ велеле дека е „предебела“, „непривлечна“ и секојдневно ѝ ги намалувале оброците, воведувајќи ѝ режим на диета и лекови, кои вклучувале амфетамин и седативи. Била принудена да функционира како машина.
За време на снимањето на „Волшебникот од Оз“, Џуди имала само 16 години, но веќе била зависна од таблети, кои студиото и лекарите редовно ѝ ги давале. Не ѝ дозволувале да јаде, ја облекувала во корсети за да изгледа послабо, дури и ѝ ставале посебни протези на забите за да ѝ изгледа лицето поневино.
Поврзани објави
Мажи, бракови и скршено срце
Џуди се венчавала петпати, барајќи љубов и сигурност, кои никогаш не ги добила како дете. Меѓу сопрузите имало и музичари и режисери, но и проблематични мажи кои честопати ја искористувале нејзината ранливост. Најпознатиот брак ѝ бил со Винсент Минели, татко на актерката Лајза Минели, која наследила дел од мајчината слава, но и нејзините трауми.
Финансиски пад и борба со зависности
И покрај големите хонорари, Џуди често била на работ на банкрот. Лошите менаџери, луксузот, разводите и зависноста од лекови ја довеле до губење на контролата врз сопствениот живот. Повеќепати се обидувала да се врати – имала брилијантни настапи, вклучувајќи и успешен концерт во Карнеги хол, но нејзиниот приватен живот станувал сè понестабилен.
Трагичен крај на иконата
Џуди Гарланд починала на 22 јуни 1969 година на 47 години од случајно предозирање со барбитурати. Починала во изнајмен стан во Лондон, далеку од холивудскиот сјај, но и понатаму обожавана од милион луѓе ширум светот.
Зад себе оставила три деца и наследство кое и денес се памети – не само преку песните и филмовите, туку и преку приказната за девојчето што платило превисока цена за слава.
ФОТО: Инстаграм