Кавадарчанецот кој е на возраст од 35 години синоќа од полицијата бил лишен од слобода, заради агресивното однесување и заканите кон градоначалникот Јанчев. Тој откако го здогледал автомоилот на граодначалникот влегов во угостителскиот објект скршил чаша, почнал да удира по масата и да го навредува и да му се заканува на градоначалникот. За целиот тој случај тој денеска со длабоко жалење прво на телефон а потоа и во кабинетот дошол да се извини.
-Го прифатив извинувањето. Сега разговараме домаќински не само за мене, од мене тоа е прифатено но и за во иднина да нема вакви реперкусии бидејќи сепак е фамилијарен човек, покрај сите проблеми кои ги има мислам дека не треба да ги прави овие работи и добро е што е самокритичен днеска и ги прифаќа сите работи рече Митко Јанчев Градоначалникот на Кавдарци.
Јанчев појасни дека е неприфатливо агресивното однесување кога за сите кои имаат било какви проблеми вратите на неговиот кабинет како градоначалник се во секое време отворени а и на улица било кој и да му се обрати ќе се најде време да го сослуша бидејќи функцијата која ја извршувува е во служба на граѓаните.