Почетна МакедонијаЈАКИМОВСКИ: Ќе се реновира ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци и спортската сала

ЈАКИМОВСКИ: Ќе се реновира ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци и спортската сала

од nenad
1 минути читај за

Се наоѓаме во ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци. Дојдов да ја проверам изведбата на работите на реконструкција на тоалетите во ова училиште.Претходно беа заменети чучавците.
Се со цел да видиме во каква состојба е ова училиште, кое е целосно реконструирано во 2012-та година.

Работите течат, но во исто време констатиравме дека во една училница имаме истекување на вода од некоја цевка, која што во наредните денови ќе биде санирана, како и дел од кровот кој што протекува.

Сето тоа во наредниве денови ќе биде санирано.

Но, во исто време спортската сала гледаме дека целата е со плексиглас, односно прозорите не функционираат.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Може да се види дека има недоволно осветлување.
Значи ќе извршиме реконструкција и на стаклата на спортската сала.

Но, за наредната година ова училиште го предвидуваме за темелна реконструкција.

Се со цел за нашите најмлади жители да имаат одлични услови за работа, како за нив така и за професорите.

Во исто време и пред почетокот на грејните сезони, проверуваме дали ова училиште, бидејќи се грее на нафта, дали има доволно нафта.Тендерот е завршен, веќе има одредени резерви, за исто така и тој дел да биде во интерес на учениците и комфорно да се чувствуваат овде во ова училиште.

Leave a Comment