Една од најзгодните манекенки на денешницата, Емили Ратајковски, не престанува да шокира со своите фотографии на социјалните мрежи
Една од најатрактивните манекенки и актерки, Емили Ратајковски, има 33 години и тело поради кое ѝ завидуваат многу жени. Таа важи за жена што има најубав задник во Холивуд, од којшто успеала и да заработи.
По сликата од „тетовираните“ стапала на нејзиното бебе, поради која обожавателите кренаа врева, манекенката објави крајно провокативна фотографија што не ѝ остава многу на имагинацијата.
Имено, разголените фотографии на кои нејзиниот извајан задник е во прв план ѝ донесоа милиони и ја направија ултрапопуларна. Таа и по породувањето веднаш ја доведе својата линија до совршенство.
Во еден момент, Емили позираше комплетно гола на подот покрај своето куче, имитирајќи ја неговата поза.
Во описот на фотограјата пишуваше: „Baby boy bumbi“, а обожавателите ја опсипаа со коментари.
Поврзани објави
„Веќе видено!“, „Која е поентата на ова?!“, „Многу чудно!“, „Дегенерација“, „Морничава и истовремено неверојатна слика!“
Ова не е првпат славната манекенка да се фотографира гола за социјалните мрежи. Сите ги шокира со голите труднички фотографии во када, а последно покажа како се носи бикини во град.
Немала среќа во љубовта
И покрај неверојатното тело и задникот за којшто сите зборуваат, Емили немала среќа во љубовта. Имено се развела од сопругот Себастијан Бер-Меклард, со кого добила син, по само 4 години брак. Во една пригода открила дека ја бара сродна душата на апликации за запознавање, нагласувајќи дека тоа ја забавува.
Иако ја поврзуваа со Бред Пит, Хери Стајлс и Пит Дејвидсон, Емили жестоко ги демантира шпекулациите.
„Јас бев злоупотребувана кога имав 15 години. Се плашам од мажите. Јас сум приврзан моногамист и не верувам во краткотрајни врски“, истакнала таа.