Почетна ВестиЃОРЃИЕВСКИ: По 30 години, улицата ,,Емил Зола” со нејзините краци доби нов асфалт!

ЃОРЃИЕВСКИ: По 30 години, улицата ,,Емил Зола” со нејзините краци доби нов асфалт!

од nenad
1 минути читај за





🚧 Завршено е асфалтирањето на улицата ,,Емил Зола” со краците.
Иако оваа сообраќајница секојдневно ја користат илјадници луѓе, таа не беше реконструирана цели 30 години.
👷 Градежниот зафат опфати реконструкција на коловозот, на двата постоечки паркинзи и изградба на нов паркинг простор.
🚸 Во наредните денови ќе се работи на бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација и поставување на лежечки полицајци.
☝️Сумарно, се работи за реконструкција на површина од околу 2800 квадратни метри, која е дел од големиот проект за инфраструктурна обнова на улиците во населбата Цветан Димов.

   

🛣️ Во овој дел од општина Кисела Вода се реконструира и улицата ,,Вера Јоциќ” со краците, а претходно, целосно беа реконструирани и ,,Тоне Томшиќ”, крак на улицата ,,Мишко Михајловски” и дел од ,,Дичо Петров”.
☝️Она што е заедничко за сите овие улици е дека тие не биле санирани по 30, 40, па и 50 години.
Но сега тоа е веќе минато, мојот народ заслужува општина со модерна инфраструктура и работиме на менување на ликот на Кисела Вода, секој ден кон подобро.
Продолжуваме! 💪