ПочетнаМакедонијаЃорѓиевски на средба со пензионерите во Гази Баба заедно со градоначалникот Стефковски – Пензионерите заслужуваат почит и конкретна поддршка
Ѓорѓиевски го истакна трудот на Стефковски за грижа кон постарите граѓани преку финансиска поддршка, отворање клубови, подобрување на здравствената грижа и организација на културни и социјални настани.
„Боби покажува што значи вистинска одговорност и човечност, не само за пензионерите, туку за целото општество“, истакна Ѓорѓиевски.
Тој најави дека во соработка со Град Скопје ќе продолжат инвестициите во Гази Баба, со цел подобрување на условите за живот и обезбедување на долгорочна иднина за граѓаните.
„За Гази Баба и за Скопје, најдоброто допрва доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.