80
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска по победата над Александар Ковачевиќ (3:0) во првото коло на Ролан Гарос напиша порака за поддршка на српскиот народ во Косово, пренесува Политика.
По натпреварот, Ѓоковиќ пред камера напиша: „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството!“.
Миомир Кечмановиќ и Олга Даниловиќ утре ќе ги одиграат натпреварите од првото коло
Ситуацијата на северот на Косово е многу тешка и тензична по насилниот упад на косовската полиција, а очигледно е дека Ѓоковиќ внимателно следи што се случува во Лепосавиќ, Звечан, Зубин Поток и Косовска Митровица, пренесува Танјуг.
