– Заради жалбената постапка, рокот се продолжи некаде до средината на јануари, банкарската гаранција на компанијата е до 31 декември. Очекуваме одговор од нивна страна, рече Шукова, додавајќи дека ако не се продолжи банкарската гаранција, понудата претстанува да важи.
Според Здружението на инженери на Македонија, проектот за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ по пат на јавно-приватно партнерство е штетен и со него се нарушува електроенергетската независност на земјава и се дава на управување воден ресурс кој, како што посочуваат, е веројатно најзначаен во овој век.Оттаму денеска информираа дека доставиле барање до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) за пристап до информации од јавен карактер во однос на документацијата за Чебрен.