Почетна ПопуларноШто се случува со Канада? Стоечки овации за познат Нацист во парламентот во Отава

Што се случува со Канада? Стоечки овации за познат Нацист во парламентот во Отава

од nenad
1 минути читај за
t

При посетата на Зеленски на Канада и неговото обраќање во канадскиот парламент каде молеше за оружје и помош за војната се случи бизарна сцена кога по неговиот говор претседателот на парламентот на Канада, Ентони Рота имаше покането 98 годишен нацистички ветеран од ЕсЕс дивизијата Галиција од Украина по име Јарослав Хунка, кој е познат нацист со своја страна на Википедија. Ентони Рота ги повика парламентарците да му дадат стоечки овации велејќи дека е ветеран на војната на Украина против Советскиот Сојуз и голем борец за независна Украина, по што сите парламентарци му дадоа стоечки овации кои траеа една минута.
Откако независните медиуми открија кој е и што правел познатиот нацист и откако јавноста згрозена почна со жестоки реакции и критики на властите во Отава, парламентарците Евреи изненадено почнаа да се правдаат и згрозуваат велејќи дека ги наместиле и не знаеле, а претседателот на парламентот се извини со официјално писмо. Огромен број светски еврејски здруженија го осудија ваквиот бизарен чин на Кандската власт и парламент.

.