Почетна МакедонијаШтитениците од Дневниот центар во Битола добија сензорна соба

Штитениците од Дневниот центар во Битола добија сензорна соба

од nenad
1 минути читај за




Фото: Министерство за труд и социјална политика
Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска во Битола, официјално го означи почетокот со работа на сензорната соба во склоп на Центарот за лица со интелектуална и телесна попреченост.Сензорната соба која е дел од дневниот центар има за цел да ја потпомага стимулацијата на сетилата за слух, вид, допир, мирис и воедно влијае на развојот на фината моторика.

   

Граѓанската асоцијација “Деца” од Австрија, компанијата “Интерворкс” и Центарот за социјална работа во Битола заеднички учествуваа во опремувањето на собата.
„Оваа заедничка работа уште еднаш покажа дека вклученоста на сите чинители во општеството: невладиниот сектор, бизнис секторот и Владата преку своите институции, дава најдобри резултати од кои директна придобивка имаат граѓаните. Токму со оваа донација во Битола придонесовме кон подобри услови и истакнување на потенцијалот на лицата со попреченост“ рече министерката Тренчевска.

Таа при денешната посета на Битола потсети на политиките и мерките кои Владата ги донесе во изминатиот период, а се однесуваат на лицата со попреченост.
„Со покачувањето на правото за попреченост за 14,2% и правото за посебен додаток од 30 % директно се придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост. Министерството работи и на услуги и тоа на дело се покажува со воспоставувањето на дневни центри, помош и нега во домот, лична асистенција и образовни асистенти. Министерството ќе продолжи да се залага за воспоставување на еднаков пристап на лицата со попреченост во сите услуги во сите населени места во државата“додаде министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.