Синоќа, во Скопје физички се пресметувале и жени на возраст од 20 и 40 години Во последното деноноќие, СВР Скопје евидентирало шест тепачки што се случиле во главниот град. Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека околу 16.20 часот во Скопје, на подрачје на Центар, Х.А.(22) и Е.К. (21) од Скопје биле физички нападнати од група од десетина лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Исто така, околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар група од повеќе лица физички нападнале 17 годишен малолетник од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 20.00 часот исто така било пријавено и дека С.С.(30) од с.Крушопек, скопско, пријавил дека околу 18.00 часот на пазар на подрачјето на Гази Баба, додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од Н.В., С.С. и уште две други лица, кои употребиле и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). Ноќеска, во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 01.50 часот во с.Бојане, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ќ.(22), З.С.(19), А.М. и А.В., сите од с.Бојане. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера се случиле и тепачки во кои учествувале жени.
Така, ноќеска, шест минути по полноќ било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходни меѓусебни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 40 годишната А.М. и 20 годишната Р.Б. од една страна и 21 годишната С.М. од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. МВР информира и за уште еде случај во кој во Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 38 годишната А.М. од Скопје и 39 годишната Ш.М. од с.Трубарево, скопско.