Фото: Министерство за правда
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со албанскиот министер за правда Тони Гогу во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.
Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со албанскиот министер за правда Тони Гогу во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.
На средбата, како што соопшти Министерството за правда, било истакнато дека двете држави, како две соседни земји со заедничка европска перспектива, имаат бројни можности за меѓусебна поддршка во процесите на реформирање и модернизација на правосудните системи.
Во разговорот било нагласено значењето на директната институционална комуникација, споделувањето на искуства и добри практики, како и потребата реформските процеси да резултираат со поефикасна и подостапна правда за граѓаните.
Посебно внимание било посветено на европската агенда на двете земји и можностите за меѓусебна поддршка во исполнувањето на стандардите во областа на владеењето на правото.
Средбата, како што се посочува во соопштението, ја потврдила подготвеноста за натамошно развивање на соработката меѓу двете министерства, со акцент на конкретни иницијативи и заеднички институционални интереси.
Post Views: 74