Чудесна маска за подмладување: Ја храни кожата и ги брише брчките како гумичка!
Објавено на 07/26/2023
Квасецот е секако неодминлив соработник на секоја домаќинка која сака да подготвува разни теста. Но, дали знаевте дека може да биде ваш сојузник во негата и убавата кожа, коса и нокти?
Квасецот е одличен не само за нега на лицето, туку и косата, за што многумина од вас се увериле користејќи го како средство за опаѓање на косата и за нејзино брзо растење.
Оваа маска, не само што добро ја избелува кожата, туку и ја храни.
Потребно е:
20 г квасец
2 лажички сок од лимон
Подготовка: измешајте ги квасецот и сокот од лимон (можете да користите и сок од грејпфрут или црвена рибизла).
Садот со измешаните состојки ставете го во друг сад со врела вода на 2 – 3 минути.
Потоа маската нанесете ја на исчистеното лице и оставете да делува 20. минути.
Измијте со топла вода па нанесете хидратантен крем.
Со маските не треба да се претерува. Маската со квасец е идеално решение за вашето лице, ако ја употребувате 1 до 2 пати неделно.