Почетна Балкан„Чкембари“ со кореографија го прославија 38. роденден

„Чкембари“ со кореографија го прославија 38. роденден

од nenad
0 минути читај за
t

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го дочекаа Кил во меч од третото коло на Лигата на шампионите. Трета рунда, трет европски големец на патот на пелистерци во елитата. 

Овој натпревар, најверните навивачи на битолскиот клуб, популарните „Чкембари“ го искористија како шанса за прослава на својот 38 роденден. Со специјална кореографија, „Чкембарите“ го одбележаа почетокот на натпреварот против германскиот гигант. 

Иако резултатите во елитното натпреварување не се позитивни, „Чкембари“ и битолската публика му даваат сериозна поддршка на својот миленик кој по 18 години игра во Лигата на шампионите.

Извор: Gol.mk