Грузија повторно е на крстопат откако избија протести низ целата земја кога владејачката партија Грузиски сон објави дека ги прекинува преговорите за пристап во ЕУ до 2028 година. Постојат четири можни сценарија во оваа ситуација, објавува РСЕ. Првото се однесува на отстапување на Владата. Ако Притисокот на јавноста се зголеми и Владата поднесе оставка, би можело да се распишат предвремени избори. Опозициските партии велат дека предвремените избори мора да се одржат под новаа изборна управна, без влијаните од страна на Владата. Поради новите избори, партијата Грузиски сон би можела да ги изгуби изборите и да доведе до продолжување на преговорите за пристапување на Европската Унија.
Второто сценарио се однесува на претседателката на Грузија. Саломе Зурабишвили би требало да ја напушти функцијата до крајот на годинава. Се очекува да ја наследи поранешниот фудбалер и приврзаник на Грузискиот сон. Но, претседателката веќе даде на знаење дека нема да отстапи од должноста, бидејќи новиот парламент го смета за нелегитимен. Владата и се заканува со затвор ако не отстапи, но тоа би можело да предизвика уште помасовни протести.
Третото сценарио се однесува на Владата. Протестите исто така би можеле да ескалираат доколку Владата одбие да отстапи. Интервентната полиција ги разби протестите со тепање, со водени топови, солзавец и апсења. Демонстраните пак, одговорија со фрлање петарди, а сето тоа ја продлабочува политичката криза и се пожестоки судири.
фото: EPA-EFE/DAVID MDZINARISHVILI