Почетна ПопуларноЧетири лица повредени во сообраќајка кај Кавадарци

Четири лица повредени во сообраќајка кај Кавадарци

од nenad
1 минути читај за
t

Синоќа на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, кај место викано „Дреновска спирка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(44) од с.Долно Лакочереј, охридско и патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.А.(53) од с.Дреново, кавадаречко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.С., сопатникот во неговото возило З.А.(46) од с.Велгошти, охридско и сопатничката во возилото „фиат“, Ж.Б.(44) од с.Ваташа, кавадаречко, констатирани во болницата во Кавадарци.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кавадарци.

.