Почетна СветЧеститка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

од nenad
1 минути читај за

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

На 23 октомври 1893 година, во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формирале Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна произлегла Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО).

Овој историски чин претставува значаен момент во развојот на организираното македонско револуционерно движење, чија цел била ослободувањето на Македонија со сопствени сили. Во борбата за слобода, достоинство и национални права учествувале и Македонци од Албанија, давајќи свој придонес во македонската револуционерна борба.

По повод овој значаен историски датум, Македонско друштво “Илинден“-Тирана повикува на почитување и зачувување на историското наследство, националниот идентитет, јазикот и културата, како и на негување на вредностите на слободата, единството и достоинството.

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Извор : vesnik-ilinden.com

Честитка од Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба