Турската фирма „Чагатај кабло“ ќе отвори нов објект во ТИРЗ „Бунарџик“, а денес ќе биде удрен камен-темелникот.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека станува збор за дополнителен влог од шест милиони евра и 200 нови работни места. “Имаме инвестициски процес во периодот што следи”, потенцираше тој.
“Нова инвестиција ќе има утре, „Чагатај кабло“ која веќе функционира кај нас, но ќе најават проширување, дополнителна инвестиција од 6 милиони евра. Ќе направат нов погон во кој ќе го прошират својот асортиман, а утре е поставувањето на камен-темелникот”, истакна вчера Мицкоски, одговарајќи на прашања од новинарите по посетата на „Даре Џамбаз“.
Мицкоски претходно информираше дека наредната недела, на 16 јули, ќе биде поставен камен-темелникот на ветерниот парк во Штип, кој треба да го гради „Алказар енерџи“, и дека по завршувањето на одморите ќе има средба со менаџментот на турската компанија „Казанџи груп“ за да се утврдат приоритетите по потпишувањето на Меморандумот што беше објавен вчера.