Изминатото деноноќие немало пожари на отворено, имало само урбани.
„ЦУК издвојува два коишто се навидум наивни, ги има секојдневно, а се потенцијална опасност за палење поткровја и околни објекти. Тоа се пожарите на оџаци. Регионалниот ЦУК – Охрид информира дека пожарникари, вчера од 13.05 до 14 часот, со тројца пожарникари и едно ПП возило гаснеле запален оџак на улицата 8-ми Септември број 26, а РЦУК – Велес соопштува дека вчера од 8 до 9 часот, петмина пожарникари и две ПП возила гаснеле запален оџак на локален дуќан за скара во градот“, наведуваат од ЦУК.Оџаците, како што пожарникарите превентивно препорачуваат, е потребно да се чистат поредовно, се нагласува во соопштението на ЦУК.