Почетна МакедонијаЦУК: Десет пожари на отворено во државава во текот на денов, седум од нив се во Скопско

ЦУК: Десет пожари на отворено во државава во текот на денов, седум од нив се во Скопско

од nenad
1 минути читај за




На територијата на државава во текот на денов се регистрирани 10 пожари на отворено, а од нив седум се во Скопско кои се изгаснати или се уште се гасат.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожар е регистриран во велешкото село Сливник во кој е зафатена една куќа, во село Сопотница, Демир Хисар, во пожар се зафатени сува трева и нискостеблеста вегетација, а стрниште, сува трева и гуми горат во пожарот во струмичкото село Костурино.

   

Во Скопско се изгаснати и се уште се гасат седум пожари на отворено. ЦУК соопшти дека во Горно Блаце горела мешана деградирана шума и трева, а кај село Љубош, Студеничани над Батинци, горела деградирана шума и дива депонија.

-Во Волково гори трева, нискостеблеста деградирана шума и ѓубре. Изгоре и еден помошен објект. Пожарот е под контрола. Во Бојане, Сарај, гореше шума и трева, во општина Бутел околу ул. „Боца Иванова“ кон обиколницата гореше сува трева, а изгоре и еден помошен објект. Гореше и депонијата Вардариште, како и ѓубре во село Орешани во општина Зелениково, информира ЦУК.