64
Во Бразил во 2023 година се регистрирани во просек четири убиства на жени дневно, со што вкупниот број достигнува рекордни 1.463 убиства, покажува студијата објавена денеска во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.Овие бројки претставуваат зголемување од 1,6 отсто во споредба со 2022 година, според податоците собрани од невладината организација Бразилски форум за јавна безбедност (БФОС) врз основа на полициските досиеја
Ваквата статистика почна да се води во 2015 година, кога бразилскиот закон го дефинираше концептот на феминицид како убиство „на жени извршени во услови на семејно или домашно насилство“.Вкупно 10.655 жени биле жртви на овој вид криминал во периодот од 2015 до 2023 година во јужноамериканската земја со 203 милиони жители.