Паралелно потенцираше дека треба да се направат потребните промени за да се отвори, како што рече, нов, уште понадежен циклус.
Посочи дека партијата ја презема одговорноста за резултатите, а членовите ќе ги донесат потребните одлуки, а во целиот тој колективен процес на реконструкција на партијата тој ќе биде првиот што се стави на располагање на партиските органи за да ја оценат неговата работа.
-Времето, за методично да работиме со цел реконструкција на партијата, не е неограничено. Временскиот период за нашето враќање се европските избори за околу една година од сега. И тоа мора успешно да се направи бидејќи тоа го бараат потребите на граѓаните, истакна Ципрас.Паралелно рече дека иако „претрпеа сериозен изборен пораз“, резултатот во главно е „негативен и за општеството и за демократијата“, осврнувајќи се на обезбедениот влез во Парламентот на три радикално десничарски партии.