Само треба да го слушнете нејзиниот глас
Фолк ѕвездата може да се види на видео од 1987 година додека како малолетно девојче пее во Црна Гора
Светлана Цеца Ражнатовиќ никогаш не криела дека почнала да пее на многу млада возраст, а микрофонот првпат го фатила на само пет години, додека на 10 настапувала на фолк фестивали, а сега има докази кои ја поткрепуваат таа приказна.
На Јутјуб огромно внимание привлече видеото на кое се гледа како Цеца, која има само 14 години, пее во еден бар на отворено во Утјеха.
Интересно е тоа што нејзиниот глас значително се променил со текот на годините, а слушнете како звучела Цеца кога имала само 14 години:
Поврзани објави
Ражнатовиќ еднаш зборуваше за нејзините почетоци:
„Почнав кога бев многу мала, мајка ми ми беше ментор, ми ги исправаше грешките. На сцена се качив на пет години, а на 10 почнав да настапувам локално на забави, бидејќи веќе бев ѕвезда во моето место и важев за чудо од дете. На 14 години го снимив првиот албум, другото е историја“.
Фото: социјални мрежи
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: