Во сопствениот дом секој од нас бара топлина и заштита од штетното влијание на надворешната средина. Сепак, истражувањата укажуваат на тоа дека воздухот во станот е неколкупати позагаден од надворешниот воздух поради токсичните супстанции што ги користиме секојдневно. Хлорот е една од најопасните!
Во сопствениот дом секој од нас бара топлина и заштита од штетното влијание на надворешната средина. Сепак, истражувањата укажуваат на тоа дека воздухот во станот е неколкупати позагаден од надворешниот воздух поради токсичните супстанции што ги користиме секојдневно. Хлорот е една од најопасните!
Кога купуваме дезинфекциско средство, очекуваме тоа да ги уништи микробите и бактериите, бидејќи токму за тоа и е предвидено. Но сите тие средства во контакт со водата и воздухот стигнуваат во нашиот организам.
Избелувачите, прашоците за перење, средствата за чистење санитарии, детергентите за машинско миење садови – сите тие, доколку содржат хлор, создаваат испарливи материи што ги иритираат слузокожата и кожата. Најбезопасно што може да предизвика испарувањето на таквите материи е иритација на белите дробови и на бронхиите. Но тоа е само врвот на ледениот брег.
Многубројни истражувања покажале дека токсините – деривати на хлорот предизвикуваат онколошки заболувања, како и репродуктивни и развојни дефекти.
Биолозите се сигурни дека овие супстанции се одговорни за мутациите, нарушувањата на имунолошкиот систем и изумирањето на некои животински видови. Докажано е дека токму хлорот е една од причините за атмосферскиот озон.
Обрнете внимание!
Некои производители на домашна хемија не укажуваат на хлор во составот на своите средства, заменувајќи го со зборовите хипохлорит, натриум хипохлорит, натриум дихлоризоцијанурат, хлороводород, хлороводородна киселина. Во суштина, сето тоа е еден ист хлор.
Како да се заштитите
Што можете да направите за да се заштитите од негативното влијание на хлорот? Пред сѐ, не користете средства за миење и чистење што го содржат, бидејќи тој секогаш ќе биде во воздухот во вашиот стан. За избелување на облеката и за чистење на санитариите користете алкални детергенти.
Поврзани објави
Кога купувате марамчиња, тоалетна хартија или филтри за апарати за кафе, дајте им предност на неизбелените производи. Избелената хартија може да содржи токсини опасни за човекот.
Не одете на базени во кои водата се чисти со помош на хлор.
Со што можете да го замените хлорот
Направете еколошки поздраво опкружување користејќи нетоксични средства за чистење.
* Сода за исхрана (натриум бикарбонат), слабо и ефикасно алкално и абразивно средство за чистење – одлична е за кујнски мебел, мијалници, кади, гасни и електрични печки со површина од стаклопластика.
* Сода за перење (натриум карбонат) – посилно алкално средство, но нејзините испарувања се помалку опасни. Добро ја отстранува мрснотијата и ги неутрализира мирисите.
* Бел оцет и лимонов сок – ги неутрализираат алкалните наслаги како што е каменецот. Овие киселини раствораат лепливи, мрсни слоеви и добро ја отстрануваат нечистотијата од дрвените површини. Покрај тоа, оцетот уништува 99 проценти вируси и бактерии. За да се ослободите од бактериите во водоводните цевки, сипете неколку шолјички оцет во одводот на мијалникот и оставете да отстои неколку часа.
* Масло од чајно дрво можете да искористите за дезинфекција и отстранување мувла.
* Антибактериски спреј за тоалетни шолји, штици за сечкање и други предмети можете да приготвите на база на лаванда. За тоа е потребно да се помеша чаша вода, лажиче масло од лаванда и 10 мл алкохол. Со оваа мешавина е потребно да ја попрскате површината и да ја оставите да отстои 10–15 минути, а потоа да ја измиете со влажна крпа. Можете и да не ја миете.
Текст: Наташа Човиновска