Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, кој со години беше еден од најпопуларните и следени на Балканот, неодамна беше отстранет, а пејачката и покрај сите напори да ја замолчат, уште еднаш го искажа својот став, овој пат на Фејсбук.
Јелена Карлеуша се обидува да си го врати профилот на Инстаграм за што објавија нејзините противници. Со надеж дека пејачката нема да може да се огласува, го затворија нејзиниот Инстаграм, но Јелена најде начин да допре до својата публика.
Откако Инстаграм профилот на Карлеуша беше затворен, пејачката почна да обајавува на Фејсбук.
Поврзани објави
Во Србија и на Балканот толпата не ги сака ставот и мислењето. Сака насилство, линч и врева. И кога ќе помине вревата, владее тишина наречена реалност. А реалноста е дека Вучиќ е државник и политичар од светска класа и дека Србија напредувала повеќе со него отколку со сите други претседатели заедно“ – напиша Карлеуша на својот Фејсбук профил и додаде:
„Затворање нечиј профил, обединување против жена, замолчување, линч, омраза, навреда… Тоа покажува дека таа е многу важна и силна. Како хиени кои напаѓаат само во глутница. Па гризат, малку на ногата, малку на опашот, а „пленот“ не мрда за да помислат хиените колку се силни и опасни, за да се опуштат и да се доближуваат сè поблиску. Но, кога лавот ја зграпчува првата хиена и со едно движење и ја откинува главата, другите хиени бегаат, оставајќи го својот паднат другар зад себе. Кој од вас ќе оди прв?“, истакан Карлеуша.
Фото: printskrin Youtube/ Informer
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: