Хашим Тачи е прогласен виновен и судот го осуди на единствена казна затвор од 25 години.
Тачи беше осуден за четири кривични дела, како сурово постапување, мачење, убиство како воено злосторство над 96 лица. За дел од обвинителните точки беше ослободен затоа што не биле докажани.
Јакуп Карсниќи доби идентична казна како и Тачи од 25 години затвор.
Кадри Весели е суден на единствена казна затвор од 18 години.
Реџеп Селими е осуден на 13 години единствена казна.
Судот во продолжение ги изрекува пресудите и за останатите обвинети.
Некои од факторите што се релевантни за одмерување на казната се, пред сè, под 1: тежината на кривичното дело и неговите последици, потоа под 2: природата и степенот на учество на обвинетото лице, под 3: личните околности на даденото лице и под 4: постоењето на други отежнувачки и олеснителни околности, рече претседателот.
„Кога станува збор за тежината на злосторствата, панелот беше на мислење дека извршените злосторства биле од големи размери и од многу сериозна природа. Поточно, распространетоста на злосторствата се одразува во фактот дека членовите на ОВК ги извршиле во 14 општини во Косово, како и на одредени локации во две области во северна Албанија. Членовите на ОВК ги апселе и произволно ги лишиле од слобода, ги подложиле на суров и нечовечки третман и тортура, а ги убиле. Сите овие злосторства се сериозни по својата природа, бидејќи произволното лишување од слобода повлекува и дополнителни повреди на човековите права на жртвите. Суровото постапување и тортурата претставуваат сериозен напад врз човековото достоинство, менталното и физичкото здравје, а убиството е едно од најсериозните злосторства само по себе“, рече тој.
Наведувајќи примери за многу сурово мачење и убивање, претседателот го цитираше професорот Хауард Зин: „Ниедно знаме не е доволно големо за да го скрие срамот од убивањето невини луѓе“.
Post Views: 18