Македонија вечерва го започнува настапот на осмото Светско првенство во Полска и Шведска, а ривалот е Норвешка.
Избраниците на Кире Лазаров ќе имаат голема поддршка од трибините во „Таурон Арена“.
Денес во Краков најголемиот дел од македонските навивачи веќе пристигнаа, а дел ќе пристигнат викендов за преостанатите два дуели, против Холандија и Аргентина.
„Фалангата“ ја окупираше „Таурон Арена“ и со нетрпение го очекува вечерашниот дуел против селекцијата на Норвешка.
Натпреварот почнува за кратко, навивајте за Македонија