Почетна Убавина и здравје(ФОТО) Јована Јеремиќ ги спои поранешниот сопруг и сегашното момче на посебен ден за славење!

(ФОТО) Јована Јеремиќ ги спои поранешниот сопруг и сегашното момче на посебен ден за славење!

од nenad
1 минути читај за



Српската водителка Јована Јеремиќ веќе извесно време ужива во врската со 15 години постариот бизнисмен Драган Станковиќ, кој е сопственик на синџир пекарници.

Јована Јеремиќ е вљубена до уши во богатиот бизнисмен Драган Станковиќ. Двајцата нагласуваат дека се најголемите љубови еден на друг, а водителката сега објави фотографија на која позира со сегашниот партнер Драган и со поранешен сопруг Воислав Милошевиќ, со кој ја има ќерката Леа, а токму нејзиниот роденден била причина за прославата и собирањето.

„Мојот живот во една слика. Леа, среќен роденден. Ти благодарам што ме избра да бидам твоја мајка“, напишала Јована додека малата Леа блескала во бел фустан како принцеза, а татко ѝ Воислав ја држел за рака.

Мојот прв сопруг се гордее со мене, и јас сум многу среќна поради тоа. Тој ми е прв сопруг и секогаш беше покрај мене, и кога немавме и кога имавме. Жал ми е што мојата покојна свекрва сега не може да ме види мене и Леа. Мојот брак беше совршен, но сакав повеќе и подобро што го прекинав навреме – рекла Јована во една прилика со солзи во очите во емисијата „Премиер викенд – специјал“.

Фото:  Принтскрин Инстаграм