Социјалните мрежи изминативе денови се преплавени со објави на туристи кои се жртви на измамнички таксисти, но изгледа дека во фејсбук-групата „Prometne zgode i nezgode“ (Сообраќајни згоди и незгоди) тукушто се појави победник.
На таа фејсбук-група објавиле сметка според која турист во Сплит требало да плати 150 евра за возење со такси од нула километри кое траело – две секунди.
– Дали е ова валидна сметка за такси што пред малку ја доби еден изненаден турист?
Растојание: 0 км
Време на возење: 2 секунди
Износ: 151,10 евра
Станува збор за возење од Сплит до аеродром (приближно 25 км), напишале во групата на Фејсбук со фотографија од сметката.
Луѓето веднаш почнале да пишуваат во коментарите дека е јасно што се случило тука.
– Возачот возел ‘на црно’ до аеродромот, а потоа ја побарал сметката. Потоа возачот го вклучува таксиметарот и рачно го внесува износот. А можеби и затоа што ја видел инспекцијата на паркингот. Во суштина, сметката е фискализирана, сѐ според законот – напишал еден коментатор.
„Па, сезона им е, па треба да мамат“, „Супер тарифа е за 2 секунди – 151 евро. Јас морам за тоа да работам 5 дена“, „Се работи за такси телепортација“, се дел од коментарите што се појавија под фотографијата.