




Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во рамки на денешната посета на Охрид, се сретна со градоначалникот Кирил Пецаков, со кого разговараа за важни прашања за случувањата во Општината и за плановите за во иднина. Соговорниците се осврнаа на прашањето за неопходната поддршка за функционирање на пратеничките канцеларии за комуникација со граѓаните, кои се од суштинско значење за зајакнување на гласот на граѓаните и нивните барања.Истакнати беа можностите за соработка меѓу Собранието и Општина Охрид и важноста за унапредување на заеднички проекти за подобра иднина на граѓаните. Претседателот Гаши, заедно со пратениците од Охрид, ги посетија пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните, како дел од циклусот на теренски посети.
Утврдија дека овие канцеларии се одлучувачки во зајакнувањето на директната комуникација со граѓаните и овозможуваат поблиска комуникација со граѓаните која е од суштинско значење за да се одговори на нивните потреби и да се обезбеди достојна застапеност во Собранието. При посетата на Охрид, претседателот Гашо оствари средба со семејството Филеви – познато и почитувано по својата долга традиција во производството на охридски бисери. Претставниците од семејството Филеви го информираа претседателот за занаетот кој се пренесува од колено на колено и е важен дел од културното наследство на регионот. Претседателот Гаши изрази задоволство за извонредната работа на семејството Филеви и нивната заложба за зачувување на посебната традиција за културниот идентитет на Охрид и Северна Македонија, притоа нагласувајќи ја важноста од промовирање и поддршка на неговиот развој.