115
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ на својот инстаграм-профил упати божиќна честитка до следбениците со посебна фотографија на која позира покрај накитена елка. Инаку, денеска католиците го слават Божиќ.
На фотографијата Северина позира во елегантен бел фустан, со голи раменици, а празничниот стајлинг го искомбинирала со златни чевли и обетки, со елегантна фризура.
Меѓу другото, вниманието го украдоа и бројните украси во позадина.
Фотографијата за нешто повеќе од половина час собра повеќе од 13.000 лајкови.