Почетна Убавина и здравје(Фото) Синот на Огњен Амиџиќ го изговори првиот збор, а Мина веднаш сподели што кажал!

(Фото) Синот на Огњен Амиџиќ го изговори првиот збор, а Мина веднаш сподели што кажал!

од nenad
1 минути читај за

Српскиот водител Огњен Амиџиќ ужива во бракот со сопругата Мина Наумовиќ, со која неодамна го доби синот Перун.

Познатиот водител сега објави фотографија од својот наследник и го откри првиот збор што неговиот и синот на Мина го изговорил.

Како и кај повеќето деца, првите зборови обично се мама и тато, така се случило и кај Амиџиќ.

„Првиот збор е тато“, напишала неговата сопруга Мина, а тој гордо одговорил:

„Нормално“.

Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ неодамна за првпат проговори за односот со сопругот, нивниот син Перун, но и за проширувањето на семејството кое и двајцата го посакуваат.

– Би сакале да имаме уште деца и би сакале следното да биде девојче – рекла Мина, а потоа се надоврзала на необичното име што му го дале на синот, поради што стана мета на прозивки.

Мина одговорила на прашањето како дознала дека Огњен е вистинскиот маж.

– Затоа што покрај него, се засакав себеси.

Мина Наумовиќ е многу атрактивна, а многумина ја обвинија дека направила естетска хирургија, иако таа негира.

Да потсетиме дека Огњен еднаш истакна дека неговата сопруга никогаш не ги зголемила усните.

– Верувале или не, 100 отсто природно. Ниту 1 отсто ГМО, филери и пластика. Затоа што читам многу работи, а не ми се допаѓа неправдата – рекол еднаш Огњен.

 

Фото: Инстаграм принтскрин https://www.instagram.com/ognjenamidzic/