95
Данило Вучиќ синот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го поддржа својот татко во врска со последните настани на Косово и Метохија.
Данило на Инстаграм сподели слика со својот татко со силна порака.
– Секогаш покрај вас и со вас до самиот крај – без предавање – напиша Данило Вучиќ на Инстаграм.
Ова е прв пат да се подига борбената готовност на министерството за внатрешни работи и на вооружените сили на Србија од почетокот на тензиите, а со одлуката командата на единицата на српското МВР се префрла на Генералштабот.
Исто така, ова е највисоко ниво на борбена готовност од 1999 година, што е важно да се истакне.