Стотици автомобили чекаат на граничниот премин „Богородица“ за излез од Грција во Македонија. Километарска колона има пред преминот, а по продолжениот викенд.
Најголем број од автомобилите се со македонски таблички, а има и странци. Возачите се нервозни и нестрпливи, па бараат начин како побрзо да ја минат границата. Меѓу возилата има и автобуси полни со патници.
Според АМСМ, времето на задржување на граница е до 45 минути. Меѓутоа возачите велат дека се чека и повеќе од час и половина. Колоната се движи бавно. Голем дел од сопатниците се излезени од автомобилите.
Во петокот големи гужви имаше и за излез од Македонија. И тогаш се чекаше на границата.

Текстот (Фото) Километарска колона, заглавени возила, нервоза – за излез од Грција се чека и по повеќе од саат е превземен од МАКФАКС.


