Почетна Популарно(Фото) Знамиња не собираат ѓубре: Тетово со Касами наликува на Чернобил!

(Фото) Знамиња не собираат ѓубре: Тетово со Касами наликува на Чернобил!

од nenad
1 минути читај за

Касами го труе Тетово, велат од локалниот огранок на Левица во градот.

– Препотентноста на Билал нема крај, а се одразува преку најновите осуди на социјалните мрежи, патем еднојазични.

Ја осудува власта и државата дека е комунистичка и режимска.

Касами не разбира дека живее во демократски систем, кој го злоупотребува на сите нивоа, своеволно.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Сè уште нема одговори за смрдеата, која ги труе граѓаните цела ноќ до утрина, не излегоја контролите на терен, никој не ги виде за жал.

Да биде штетата поголема нема одговорност за запалената депонија во Волковија.

Тетово стана приватна штала и депонија на Билал, сликите низ главните и споредни улици наликуваат на Чернобил, градот е радиоактивен.

Контенјери нема доволно, а тие што ги има се преполни и проширен е сметот низ тротоарите.

Но, неговата цел е да шири омраза и пропаганда, да ги понижува Македонците и клубовите Тетекс и Љуботен со чии финансии (фабрика Тетекс) беа изградени стадионите во време кога Билал не бил ни роден.

Човек кој иницира на омраза и граѓански немири и не одговара пред правдата, истата таа правда ќе го стигне на следните избори.

Вакво срамно водење на градот да не се повтори. – велат од Левица.

.