Пејачот на својата поубава половина и подари специјален подарок од кој беше воодушевена…
Сопругата на пејачот Дарко Лазиќ, Катарина вчера го прослави својот 34-ти роденден. Пејачот за роденденот на својата сакана ги собрал најблиските и приредил прослава во ресторан, а тоа успеал да го чува во тајност до последен момент.
Дарко ги собра моите најблиски и ме изненади… Мама ми се јави да ме праша дали ќе одиме до нив по вечерата да ми подари подарок, но всушност таа беше на пат кон ресторанот. Благодарност до моето семејство и пријателите кои ме изненадија вчера, а најмногу на мојот сопруг кој сето тоа го организираше“ – напишала Каќа воодушевена од роденденското изненадување.
Катарина блескаше во бел краток фустан, иако веќе е во напредно ниво на бременоста.
Поврзани објави
Да потсетиме, пејачот и неговата сопруга го очекуваат своето прво дете, а терминот за породување на Катарина е 24 октомври. Таа носи девојче, се чувствува одлично и е многу активна трудница.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: