Почетна Технологија(ФОТО) ГАШИ И ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА СРЕДБА СО ХАРТЕЛИУС

(ФОТО) ГАШИ И ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА СРЕДБА СО ХАРТЕЛИУС

од nenad
1 минути читај за

 
Во рамките на дводневната официјална посета на Кралството Шведска, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,  Африм Гаши и пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески се сретнаа со државниот секретар во Министерството за надворешни работи,  Даг Хартелиус. На средбата, претсдателот Гаши нагласи дека во Република Северна Македонија високо се цени силната и отворена поддршка на Шведска за интеграција на државата, како и на регионот на Западен Балкан во Европската Унија.

Тој понатаму подвлече дека стратешки цели на наворешната политика на Република Северна Македонија од нејзиното осамостојување се членството во НАТО и во Европската Унија и дека  по членството во НАТО во 2020 година, врвниот државен приоритет е членството во ЕУ. Двајцата соговорници се согласија дека геополитичките промени на европскиот континент како резултат на воената агресија од страна на Русија врз Украина само потврдуваат дека политиката на проширување на Европската Унија е најдобрата алатка за стабилност, солидарност и одржливост.

Државниот секретар Даг Хартелиус оценувајќи дека средбитите во живо и размената на мислења за важните државни интереси се незаменливи, увери дека и во иднина Република Северна Македонија ќе може да смета на шведската поддршка. Во рамки на Официјалната посета Делегацијата го посети и Националниот завод за ревизија на Шведската национална канцеларија за ревизија и остварија средба со заменик – врховен ревизор, Клаудија Гардберг Морнер.  

На средбата претседателот и пратениците беа информирани за активностите на Канцеларијата, нивниот мандат, организационата поставеност и годишните извештаи кои ги Изработува Канцеларијата и ги доставува до Парламентот. На средбата се разговараше и за меѓународната соработка која оваа Канцеларија ја има со Државниот за ревизија во рамки на повеќе програми, како и за начините за зголемување на видливоста на активностите и значењето на независните ревизорски институции во двете држави.